ДОАЃААТ НОВИ ДОСТА ИНТЕНЗИВНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД (ВО ЗАПАДНИТЕ ПРЕДЕЛИ И НАД 40 Л/М2) – ДЕТАЛИ
По денешната краткотрајна стабилизација на времето, во текот на утрешниот ден, односно од попладневните часови најпрвин во западните, а во текот на ноќта кон петок и во петок во текот на денот и во останатите предели ќе има врнежи од дожд.
Локално, особено во западните и во северозападните предели врнежите ќе бидат ОБИЛНИ (над 40 л/м2).
Локално ќе има услови за нестабилност проследена со поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер од јужен правец.
Во текот на утрешниот ден максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешната Митровденска празнична вечер во Македонија е релативно студена со температури кои до 18 часот и 30 минути на повеќе места се движеа до околу, па и под 5 степени. На картата можете да ги погледнете температурите измерени вечерва низ Македонија до 18 часот и 30 минути. Инаку, и утрешното утро во Македонија ќе биде многу студено со минимални [...]