ДЕТАЛНИ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ МНОГУ ТОПЛИОТ БРАН ОД АФРИКА!

објавено на:

01 Јул 2022

од:

сподели:

Под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса кој и понатаму ќе продира од Африка кон нашата држава, во следните денови времето кај нас ќе се задржи МНОГУ ТОПЛО и сончево со мала локална облачност.

Во попладневните и во вечерните часови локално ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На некои места ќе има услови и за појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат и до 40 степени.

НАПОМЕНА: Поради релативно високата влажност во воздухот, во следните денови температурите на воздухот ќе се чувствуваат како да се повисоки од реално измерените, а Ув – индексот и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па затоа на граѓаните им советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности.

Во Скопје и околината исто така во периодот пред нас ќе се задржи МНОГУ ТОПЛО и сончево. Сепак во попладневните  и во вечерните часови во делови од котлината има помали услови за нестабилност. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 35 и 36 степени.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki







Занимливости