Детална метео анализа: Попладнево нови локални поројни врнежи и грмежи
Во текот на попладневните часови денес, како и кон крајот на денов времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот и услови за ретка појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец, истиот повремено ќе засилува додека максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени.
Во Скопje и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец и истиот повремено ќе засилува. Максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи до околу 26 степени.
Потоа во следните неколку денови условите за нестабилност ќе се намалат, особено утре и во сабота но сепак и покрај ова во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд и ректи грмежи. Повторно повеќе услови за нестабилност ќе има во недела, а особено на почетокот од следната недела кога ќе има услови повторно за локална појава на НЕВРЕМЕ.
Следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Може ќе ве интересира
Занимливости
Ова утро во Македонија времето е ведро и особено студено, по одделни котлини и речни долини има појава на магла и на ниска облачност, која во текот на денот ќе се расчисти. Најстудено утринава до 7 часот беше во Берово со измерени -8 степени. Инаку, во најголем дел од Македонија утринава температурите се спуштија под нулата. На картата можете [...]