Септември не беше на наша страна и имавме постудено време отколку што очекувавме. Топлото време ни доаѓа во месец октомври, кога температурите и врнежите ќе бидат исти како и во повеќегодишните прогнози. Познато е и кога може да го очекуваме првиот снег во Македонија.
Најпознатиот Македонски метеоролог Славчо Попоски за Плусинфо открива дека овој месец ќе имаме нормални температури и нормално количество врнежи.
– Како што повеќе и повеќе ќе навлегуваме во есента, кон крајот во октомври месец ќе се зголемат условите за уште поголемо заладување на времето, но и за првиот снег во Македонија, но само на планините. Секако, ќе има и периоди со повеќе врнежи, но и со убави денови – вели најпознатиот метеоролог.