ДЕТАЛНА АНАЛИЗА ОКОЛУ ГОЛЕМОТО НЕВРЕМЕ КОЕ ИЗМИНАТИОТ ВИКЕНД ЈА ЗАФАТИ МАКЕДОНИЈА!

Во текот на изминатиот викенд, како што и беше најавено нашата територија беше под влијание на изразена циклонска активност и на влажна и нестабилна воздушна маса од југозапад.

На повеќе места имаше појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално овие процеси беа доста интензивни и во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со обилен пороен дожд, силни и чести електрични празнења, силен ветер и со појава на град.

Големото невреме кое изминатиот викенд ја зафати Македонија на повеќе места услови и големи штети, особено поради врнежите од град штети врз земјоделството има во Лозово, како и во Пелагониско. Појава на град имаше и во Скопскиот регион. Градот кој паѓаше во Македонија, локално беше од поголем пречник, односо со големина на огромни џамлии.

Интензивните врнежи од дожд пак условија и локални поплавувања во Тетово и Струмица. А во Струмица поради силниот ветер имаше и паднати дрвја.

Најмногу дожд вчера наврна во Струмица и на Ѓуриште, и тоа 43 литри, во Тетово наврнаа 39 литри, Во Скопје Петровец наврнаа 17 литри, а во Скопје Зајчев рид наврна воден талог од 10 литри. Врнежи имаше и на другите места низ Македонија.

Нестабилноста вчера имаше правец на движење од југозапад кон исток и североисток, и најпрвин ги зафати западните предели, потоа истата се префли во источните предели.

Циклонот и невремето ја напиштија Македонија, па сега следува период на постабилно и посончево време, иако во попладневните часови не се исклучува можноста за изолирана и краткотрајна појава на нестабилност. Температурите ќе бидат во ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ и во следните денови истите ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 35 степени, додека во најтоплите предели температурите ќе надминат 35 степени.

УВ – ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и во следните денови ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па затоа на граѓаните ги советуваме да се заштитат од лошото влијание на сонцето овие денови.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki