ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: ЈАНУАРИ МЕСЕЦ 2021 СО ПОЧЕСТИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД И СНЕГ
Според најновите анализи со кој ние располагаме, првиот месец од оваа 2021 година ќе помине во знакот на доста нестабилен месец и со почести врнежи од дожд и снег во најголемиот дел од Балканскиот Полуосторв но и во Македонија.
Како што кажавме се очекуваат повремено и поинтензивни врнежи од дожд и снег, но сепак и покрај ова ќе имаме и постабилни и потопли денови со натпросечно високи температури на воздухот кој ќе ги предизвикува изразеното јужно воздушно струење. Одсега гледано, продор на значително постудена воздушна маса од север кон нашите предели би се спуштила некаде после 10ти јануари.
Инаку во седните денови под влијание на серија на влажни воздушни бранови, локално ќе наврне и позначително количество на воден талог (над 30 л/м2), додека на повисоките места и на планините снежната покривка ќе се зголемува.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Може ќе ве интересира
Занимливости
Утринава речиси насекаде во Македонија имавме минусни температури, но од друга страна, облачноста од запад полека се зголемува и истата е знак на новиот ладен и влажен бран кој од денес попладне ќе ја зафати нашата Македонија. Најстудено утринава до 7 часот беше во Берово со -5 степени, додека највисока температура од 1 степен е измерена во Претор и [...]