Денеска времето во Македонија ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, локално ќе има и позначителна облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде умерено облачно со слаб ветер од југоисточен правец, максималната дневна температура ќе се искачи до околу 18 степени.
Потоа во следните денови ќе се задржи претежно стабилно и суво време, освен во петок и во сабота кога ќе има услови за слаб локален дожд а ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец, особено Долж Повардарието. Максималните дневни температури ќе бележат пад за неколку степени и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени.
За нови, подетални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука