ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО ЗА СЛЕДНИОТ ПЕРИОД: Нема целосно стабилизирање, но ќе има пораст на температурите!
За време на викендот, како и во првите денови од следната недела и понатаму ќе се задржи нестабилно време. Локално ќе има појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за локална појава на град.
Што се однесува до температурите, тие од утре па натаму ќе бележат тенденција на постепен пораст. Поголем пораст на истите се очекува во текот на следната недела кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени.
И во Скопскиот регион за време на викендот ќе има услови за повремен локален дожд и услови за појава на грмежи, додека во првите денови од следната недела ќе биде нешто постабилно, иако во делови од котлината сеуште ќе има услови за краткотрајна нестабилност.. Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 25 и 28 степени. Поголем пораст на истите се очекува во текот на следната недела кога ќе се искачат до околу 33 степени.
НАПОМЕНА: И во текот на следниот период локални процесите има услови да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ. Исто така за време на викендот кој што ни претстои ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец, и тоа особено Долж Повардарието.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki
Може ќе ве интересира
Занимливости
Како што претходно најавив, пред нас е ладна ноќ, а и утрешното утре (петок 21 март) ќе биде ладно со појава на умерено до јаки мразеви, и со температури кои буквално насекаде низ Македонија ќе се спуштаат под нулата. Времето ќе биде целосно ведро и без облачност, како и претежно тивко. Н следната метеоролошка карта можете да ги погледнете [...]