ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО ЗА ВРЕМЕ НА НОВОГОДИШНАТА НОЌ, КАКО И ЗА ПРВИТЕ ДЕНОВИ ОД 2021 ГОДИНА

Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и снег на планините, особено во претпладневните часови. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Температурите на воздухот ќе се движат во интервалот од 10 до 17 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за повремен локален слаб дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Температурата на воздухот ќе се искачи до околу 12 степени.

За време на новогодишната ноќ ќе имаме ведро време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Во крајните западни предели ќе има повеќе облачност каде ќе има услови за слаб локален дожд на ниските и снег на повисоките места и на планините. Температурата ќе се движи во интервалот од -2 до 5 степени.

Потоа во првите два дена од новата 2021 година ќе имаме стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност. Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени. Нови поинтензивни врнежи од дожд и снег на планините ќе имаме во недела, како и на почетокот од следната недела.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука