До крајот на денов времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 14 степени.
Инаку како што најавивме утре и во четврток ќе има нешто повеќе облачност, а во текот на утрешната вечер, како и во четврток ќе има појава на повремен локален дожд и снег на планините. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени, што значи ќе биде значително потопло преку ден за разлика од изминатите денови кога имавме многу студено време.
Веќе во петок, како и за време на викендот и тоа под влијание на ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕН воздух од север и од североисток ќе биде ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО, а ќе има услови и за слаби локални врнежи претежно од снег. Ќе биде и ветровито, односно ќе дува и умерен, повремено на некои места засилен ветер од источен и од североисточен правец.
Што се однесува до температурите, тие повторно ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОД ПРОСЕКОТ за овој период од годината, и особено за време на викендот минималните понекаде повторно ќе се спуштаат дури до околу -10 степени, а максималните ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 10 степени во најтоплите предели од државава.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki