До среда нашата територија ќе се наоѓа под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса која ќе условува сончево време, повремено со умерена локална облачност. Ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец и истиот повремено ќе засилува.
Максималните дневни температури и понатаму ќе бидат над просекот и ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 33 степени.
Зголемена облачност ќе има во четврток и во петок а локално, особено во попладневните часови ќе биде нестабилно со краткотраен пороеон дожд, грмежи и засилување на ветерот. Температурите на воздухот, во четврток и во петок ќе бележат тенденција на пад за неколку степени во споредба со сегашните и ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степен.
За нови, подетални и по потреба обновени метео информации следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука