ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: Во следните денови ќе биде ОСОБЕНО ТОПЛО!

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните часови ќе има изолиран развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за ретка појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 33 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и ТОПЛО со мала до умерена локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 30 степени.

Потоа во следните денови времето во Македонија ќе се задржи претежно стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Сепак во попладневните часови не се исклучува можноста за изолирана и краткотрајна појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Што се однесува до температурите, тие и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка ќе бидат МНОГУ ВИСОКИ, и ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 35 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да надминат 35 степени. УВ – ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па затоа на граѓаните ги советуваме да се заштитат од лошото влијание на сонцето во текот на следните денови и да пијат што повеќе течности.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki