ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: ВЕЧЕРВА ВРНЕЖИ ОД СНЕГ ВО ПОГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД МАКЕДОНИЈА

објавено на:

14 Јан 2021

од:

сподели:

Времето денес во Македонија во претпладневните часови ќе биде сончево со умерена локална облачност, додека во попладневните и во вечерните часови облачноста ќе се зголеми и ќе има нови врнежи кој ќе бидат од снег и во поголем дел од државава ќе се формира снежна покривка. Повеќе врнежи ќе има во западните предели од државава. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и од северозападен правец. Максималната температура на воздухот ќе се искачува во интервалот од -1 до 7 степени.

Во Скопје и околината претпладне ќе има сончеви периоди, додека попладне и навечер се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 3 степени.

Потоа од утре, па за време на викендот како и на почетокот од следната недела ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и многу студено. Температурите на воздухот во најголем дел од државава ќе бидат постојано под нулата додека наутро истите понекаде има услови да се спуштат дури и под -15 степени. Во сабота повторно ќе има услови за локално провејување на снег а повремено ќе дува и умерен до засилен северен ветер.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука







Занимливости

  • 19 Јул 2024

    Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека има активни 13 пожари, од вкупно 28-те пожари на отворено во последното деноноќие, што се во општините: - Општина Чашка с.Јаболчишта и с.Дреново врв Лисец (високостеблеста вегетација) -Општина Велес кај с. Калањево (нискостеблеста шума) -Општина Росоман кај с.Сирково и с. Подлест (нискостеблеста шума и ниска вегетација) - Општина Студеничани место викано [...]