ДЕТАЛИ ОКОЛУ МНОГУ ТОПЛАТА ВОЗДУШНА МАСА КОЈА СЕ ДВИЖИ ОД ЈУГ КОН НАШАТА ДРЖАВА
Во текот на новата седмица нашата територија ќе биде зафатена од МНОГУ ТОПЛА воздушна маса која продира од југ, односно од северните предели на Африка. Времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО, особено топло ќе биде од среда кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени.
Што се однесува до утрешниот ден, ќе има појава на мала до умерена локална облачност додека во попладневните часови во планинските места ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Од вторник до четврток ќе биде сончево насекаде со слаб до умерен ветер од променлив правец.
Во петок пак како и за време на викендот ќе има услови за попладневна локална нестабилност.
УВ ИНДЕКСОТ следните денови ќе има ЕКСТРЕМНА вредност и ќе има коефициет измеѓу 9 и 10 па токму поради ова граѓаните да се заштитуваат, односно со себе да носат заштитна опрема (капа и наочари за сонце).
Следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Може ќе ве интересира
Занимливости
Климатскиот феномен Ла Ниња под кое влијание сме во моментов, во следните месеци, односно во летните и есенските месеци повторно ќе добие на интензитет, односно ќе се интензивира. Што значи тое? Тоа значи дека во следните летни и есенски месеци ни следуваат нови нагли и големи метеоролошки промени, исто така, очекуваме и се по екстремни метеоролошки појави и временски [...]
Балкан / Занимливости / Македонија / Прогноза