Детали за времето за следниот период: Породлжуваат високите температури!
Утре времето во Македонија ќе се задржи претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Во петок, како и за време на викендот во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи.
Во петок и во сабота ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат релативно ВИСОКИ, и во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени.
Во Скопје и околината во следните денови времето ќе се задржи претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Особено во петок попладне можна е локална појава на нестабилност. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 29 и 33 степени.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро (Велика сабота 19 април) во Македонија ни донесе сончево време со релативно високи температури на воздухот, а такво време не очекува целиот овој празничен викенд. На табелата можете да ги погледнете денешните минимални температури измерени по градови и места во нашата Република Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.