ДЕТАЛИ ЗА ВРЕМЕТО ЗА ПОНАТАМУ: МАЛКУ СОНЦЕ, МАЛКУ ОБЛАЦИ И УСЛОВИ ЗА СЛАБ ЛОКАЛЕН ДОЖД

За време на овој викенд, како и во почетокот од следната недела времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има и позначителна облачност, а ќе има услови и за локален слаб дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец. Температурите на воздухот ќе бидат без поголеми промени, и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 16 степени, додека наутро ќе биде релативно студено и минималните температури понекаде ќе се спушптат за некој степен под нулата.

И во Скопскиот регион ќе продолжи променливото време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, додека максималната температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 14 и 15 степени.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki