ДЕНОВИВЕ ПОТОПЛО ВРЕМЕ – ДОДЕКА ОД ПЕТОК И ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ НОВИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД И СНЕГ!
До крајот на денов, како и утре времето во Македонија ќе биде претежно стабилно и суво, односно сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, денес претежно од западен, додека утре од јужен и од југоисточен правец.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 4 и 12 степени.
Во Скопје и околината до крајот на денов и утре времето ќе биде сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, денес од променлив правец, додека утре истиот ќе биде од јужен и од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 6 и 9 степени.
Потоа под влијание на нов влажен бран, во петок како и за време на викендот ќе има нови повремени врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег.
Во петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени. Нешто пониски температури повторно ќе имаме за време на викендот и истите ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki
Може ќе ве интересира
Занимливости
Утринава речиси насекаде во Македонија имавме минусни температури, но од друга страна, облачноста од запад полека се зголемува и истата е знак на новиот ладен и влажен бран кој од денес попладне ќе ја зафати нашата Македонија. Најстудено утринава до 7 часот беше во Берово со -5 степени, додека највисока температура од 1 степен е измерена во Претор и [...]