Продорот на студениот фронт од север си го направи своето. Ова утро во Македонија се забележани температури кои се далеку под просекот за овој период од годината.
Во текот на денешното утро во Берово температурата се спушти дури до 0 степени. Многу ниски температури за овој период од годината се измерени во најголем дел од Македонија.
Во Скопје – Петровец утринава се измерени 4 степени, додека во Скопје – Зајчев Рид беше малку потопло, каде температурата се спушти до 7 степени, најтопло беше во Гевгелија каде е измерена температура од 10 степени.
На следната карта можете да ги погледнете измерените температури низ Македонија во текот на денешното утро
Инаку, од утре па за време на викендот, и тоа под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса со потекло од северните предели на Африка, ќе има БРЗ и ГОЛЕМ ПОРАСТ на температурите. Особено топло ќе биде за време на викендот кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 35 степени. Значително ќе пораснат и минималните утрински температури.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki