ДЕНЕС ПРЕТЕЖНО СТАБИЛНО И МНОГУ ТОПЛО – ОД УТРЕ ПОПЛАДНЕ ДЕСТАБИЛИЗИРАЊЕ НА АТМОСФЕРАТА
Денес времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала локална облачност и со умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има услови за сосема ретка појава на нестабилност проследена со краткотраен дожд и грмежи. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се искачи до околу 32 степени.
Потоа во следните денови особено во попладневните часови ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени, додека мал пад на истите ќе има од петок кога ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во Македонија попладнево имаме изразена температура инверзија, односно котлините се под густа магла и ниска облачност, каде е многу ладно со минусни температури, додека на планините и на Скијачките центри може да се каже дека е пролет каде има и многу сонце со температури до околу, па дури и над 10 степени. На картата од Neverin.hr може да се [...]