ДЕНЕС И УТРЕ СТУД, ДОЖД И СНЕГ! ЗА ВИКЕНДОТ ПОТОПЛО И ПОСТАБИЛНО

Под влијание на влажна и СТУДЕНА воздушна маса од север, денес и утре времето во Македонија ќе биде облачно и СТУДЕНО со врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег каде ќе се формира снежна покривка, понекаде со висина и од над 20 сантиметри. Денес повремено снег ќе врне и на повисоките места и тоа особено на запад и на север, а снежната граница локално има услови да се спушти дури и под 1000 м.н.в. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и се очекува да наврнат над 40 л/м2 воден талог. Ќе дува умерен ветер од северен и од северозападен правец, кој особено Долж Повардарието повремено ќе биде и со засилен на интензитет. Температурите ќе бидат значително потпросечни за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 степени.

Во Скопје и околината денес и утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, додека денес на околните планини ќе има услови и за врнежи од снег а ќе дува и умерен ветер од северен правец кој повремено ќе засилува на интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 9 степени.

Потоа за време на викендот ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди, а ќе има услови и за локален слаб краткотраен дожд. Особено во сабота ќе дува умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Сепак температурите ќе бидат повисоки за разлика од сегашните и ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki