Денес и утре МНОГУ ТОПЛО – во среда продор на посвеж воздух од север и засилен ветер од северен правец!

До крајот на денов времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните часови во западните планински предели ќе има услови за локален краткотраен пороен дожд проследен со ретки грмежи. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степен.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 29 степени.

Потоа МНОГУ ТОПЛО ќе се задржи и во текот на утрешниот ден, меѓутоа кон крајот на денот и навечер, локално и тоа особено во северната половина ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за локална појава на град. Од среда под влијание на посвежа воздушна маса од север, ќе има пад на температурите за неколку степени а ќе дува и засилен ветер од северен правец. Исто така во среда сеуште ќе има услови за повремен локален дожд проследен со грмежи.

Што се однесува до температурите, тие во среда ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 28 степени, додека уште малку посвежо ќе биде во четврток кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени. Нов пораст на температурите се очекува од петок и тоа поради повторно влијание на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која ќе продре од северните предели на Африка кон нашата дражава.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki