ДЕНЕС И УТРЕ ВРНЕЖЛИВО – ОД НЕДЕЛА СТАБИЛИЗИРАЊЕ И ЗАТОПЛУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО
Под влијание на влажен воздушен бран, денес и утре времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Поинтензивни врнежи ќе има во југозападните и јужните предели од државава каде локално ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог. Повремено на планините ќе има услови за повремени врнежи од снег а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со повремен дожд но со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се искачи до околу 15 степени.
Потоа од недела ќе има стабилизирање на времето со пораст на температурите на воздухот и истите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во изминатите 24 часа речиси насекаде во Македонија имаше врнежи од дожд со променлив интензитет, што значи дека повремено врнежите беа пообилни. Најмногу дожд во последните 24 часта, односно до 7 часот утринава наврнаа во Лазарополе, и тоа 29 литри на метар квадратен дожд. На табелата можете да ги погледнете измерените минимални температури во текот на денешното утро, односно [...]