Делови од Македонија зафатени од невреме со пороен дожд, ветер, грмежи и град
Уште во текот на вчерашниот ден нашата територија подпадна под најавената нестабилна воздушна маса. Најпрвин пороен дожд, грмежи и засилен ветер се забалежаа во Пелагонискиот регион, потоа во Полошкиот како и во делови од Скопјскиот регион.
Поизразена нестабилност имаше во Битолскиот и Кратовскиот регион проследена со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Појава на град се забележа во Кратовскиот регион.
Сепак и покрај ова остана многу топло па така температурите на воздухот речиси насекаде се искачија над 30 степени, најтопло беше во Гевгелија каде температурата се искачи до 38 степени. Најмногу дожд пак во последните 24 часа наврнаа во Куманово, и тоа 17 л/м2.
Следете го официјалниот фејсбук продил на Славчо Попоски тука
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден во Македонија помина во знакот на стабилно, суво, сончево и релативно свежо време. Во утринските часови по котлините имаше појава на магла или ниска облачност, која во текот на денот се расчисти. На табелата можете да ги погледнете денешните максимални температури во Македонија, измерени попладнево до 16 часот, и тоа на мерните станици на УХМР. Можеме да [...]