ГРОМОВИ, ДОЖДОВИ И ОПАСНОСТ ОД НОВИ ПОПЛАВУВАЊА – НОВО ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ СЕ ДВИЖИ КОН МАКЕДОНИЈА!

објавено на:

28 Авг 2022

од:

сподели:

Во текот на новата седмица, односно од утре нашата територија ќе биде под влијание на изразена влажна и нестабилна воздушна маса. Истата на многу места ќе условува поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Нестабилноста ќе биде поизразена од пладневните часови па натаму.

Локално ќе има појава на ПОИЗРАЗЕНО НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд кој може да услови локални поплавувања, олуен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. НАПОМЕНА: Невремето може да направи и нови штети низ Македонија, па затоа препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗИВОСТ и ги повикуваме надлежните да бидат подготвени за истото.

Во Скопскиот регион исто така ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално во делови од котлината ќе има услови за појава на НОВО НЕВРЕМЕ.

Температурите на воздухот ќе бидат без поголеми промени и истите ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени.

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki







Занимливости