ГРАЃАНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ЌЕ МОЖАТ ДА УЖИВААТ ВО ПРЕКРАСНИ, СОНЧЕВИ И ТОПЛИ ДЕНОВИ ОД УТРЕ ПА НАТАМУ

Уште денес ќе имаме пооблачно време, локално ќе има услови за краткотраен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец, особено претпладне. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени.

Потоа од утре па натаму ќе има МНОГУ ПОВЕЌЕ сончеви периоди,  односно времето ќе биде сончево и РЕЛАТИВНО ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Само уште утре локално ќе има нешто повеќе облачност, кога ќе има услови за локален краткотраен дожд, особено во планинските региони.

Температурите и тоа поради продор на ТОПЛА воздушна маса од југ ќе бележат тенденција на понатамошен пораст и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени.

Во Скопје и околината уште денес ќе има нешто повеќе облачност, потоа од утре па натаму ќе ма МНОГУ ПОВЕЌЕ сончеви периоди, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 16 и 17 степени.

Барем одсега гледано, нова промена на времето, врнежи, како и пад на температурите на воздухот повторно се очекува од следниот викенд, а до тогаш ќе можете да уживате во неколку денови со прекрасно, сончево и ТОПЛО време, и секако убавото време ќе можете слободно да го искористете за прошетка во природа, или пак за правење на зимница и тоа доколку сеуште не сте ја направиле истата.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki