Голфската струја и оваа година слаба: Американските метеоролози најавија ГОЛЕМИ ГОРЕШТИНИ кај нас ова лето!

Американските метеоролози веќе ја објавија деталната метео анализа за цел Европски Континент за претстојното лето. Тие за нашиот дел од Европа најавуваат долготрајни и силни топлотни бранови со потекло од северните предели на Африка ова лето, и тоа поради релативно слабото влијание на Голската струга која носи постудено време во Европскиот Континент.

Температурите на воздухот ќе бидат МНОГУ ВИСОКИ и неретко ќе се искачуваат до ЕКСТРЕМНИТЕ ВРЕДНОСТИ (до, па и над 40°C), а се очекуваат и сушни периоди.

Токму поради ваквата состојба, расте и опасноста од појавата на шумски пожари ова лето.

Деталната метео анализа од наша страна за тоа какво време ќе имаме ова лето, следува во следните денови, но едно е сигурно, оваа година со време да си го планирате вашиот годишен одмор и секако размислувајте каде ова лето ќе одите на плажа.

 

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki