ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ ПОПЛАДНЕВО ГО ПОГОДИ НЕГОТИНО

Големо невреме и исклучително нестабилна и влажна воздушна маса попладнево го погоди Неготино. Невремето беше проследено со обилен пороен дожд, електрични празнења и силен ветер, дождот кој паѓаше со голем интензитет за кратко време услови локални поплавувања:

Утре попладне исто така ќе има локален краткотраен дожд, грмежи и засилување на ветерот додека најстабилен ден ќе биде петок, кога и атмосферата ќе биде нешто посмирена и постабилна. Тогаш услови за локален краткотраен дожд ќе има само во североисточните и источните предели на државава.

Потоа за време на викендот повторно особено во попладневните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град.

 

Следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука