ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ ГО ПОГОДИ ГОСТИВАРСКИОТ РЕГИОН: НЕВРЕМЕТО БЕШЕ ПРОСЛЕДЕНО СО ИНТЕНЗИВНИ ВРНЕЖИ ОД ГРАД

Попладнево како што и беше најавено, нашата територија беше под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса која услови локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Низразена нестабилност барем засега е забележана во Гостиварскиот регион каде и процесите беа поинтензивни и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град.

Поради интензитетот на врнежите, градот буквално го побеле Гостивар ова попладне – следуваат неколку фотографии во продолжение:

Нестабилно со локална појава на пороен дожд попладнево беше и во Скопскиот регион како и во делови од централна Македонија.

Следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука