Вчера во вечерните часови Кратово го зафати големо невреме кое беше проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празења и со појава на град.
Градот кој што паѓаше во Кратово во текот на вчерашната вечер беше со големина на орев, а тоа можете да го погледнете и на следната фотографија
Невреме со град вчера вечер го зафати и Кочани.
Нестабилно и со појава на локално НЕВРЕМЕ ќе биде и во следните денови, и тоа особено во петок и за време на викендот. Локална појава на град можна е и денес доцна попладне и навечер.
Температурите остануваат МНОГУ ВИСОКИ и на многу места ќе надминат 30 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да надминат дури и 35 степени.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki