Денес доцна навечер и во текот на ноќта како и утре претпладне најпрвин во југоисточните предели ќе има услови за локален повремен дожд.
Почнувајќи од утре попладне и навечер и тоа од запад, нашата територија ќе подпаѓа под влијание на циклонска активност и на голем влажен воздушен бран кој најпрвин на запад, а во текот на ноќта кон вторник и во вторник претпладне насекаде ќе услови врнежи од дожд. На повеќе места врнежите ќе бидат ОБИЛНИ и локално ќе наврне над 40 л/м3 воден талог.
Локално ќе биде нестабилно облачно со поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер.
Ќе дува умерендо засилен ветер, и тоа утре од југоисточен, додека во вторник од југозападен правец.
Максималните дневни температури утре ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени, додека во вторник ќе бележи тенденција на опаѓање и истата ќе се искачува во интервалот од 14 до 23 степени.
Потоа во среда иако атмосферата ќе биде постабилна, сепак ќе има услови за слаб локален дожд.
Нов поизразен влажен бран се очекува во четврток доцна попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон петок.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука