ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО И ВРНЕЖИ – ПРОМЕНАТА ДОАЃА УТРЕ И СО СЕБЕ НОСИ ДОЖД, СНЕГ И СИЛЕН ВЕТЕР!

До крајот на денов времето во Македонија ќе биде сончево и натпросечно топло со мала до умерена локална облачност. Повеќе облачност ќе има во западните предели, каде ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и натпросечно топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен ветер од јужен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 18 степени.

Инаку како што најавивме, под влијание на низок воздушен притисок, и на влажна и студена воздушна маса од север, утре времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, и истите локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ (над 10 л/м2). Поради заладувањето, врнежите од дожд на повисоките места и на планините ќе преминуваат во врнежи од снег, а сево ова ќе биде проследено и со засилен ветер од северен правец (на некои места со брзина од над 60 км/час). Температурите утре ќе бидат значително пониски за разлика од денешните и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 13 степени.

Потоа од среда следува неколку дневен период на претежно стабилно и суво време. Ќе продолжи да дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, додека температурите ќе останат пониски и максималните ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени, додека наутро температурите понекаде ќе се спуштаат и под нулата.

И во Скопскиот регион утре ќе има повремени врнежи од дожд, а ќе започне да дува и засилен ветер од северен правец, со што на околните планини ќе се создадат услови и за повремени врнежи од снег. Потоа од среда па натаму времето ќе биде претежно стабилно и суво. Температурите понатаму ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 14 степени.
Напомена: Утре како ќе поминува оваа циклонска активност и влажна и студена воздушна маса од север, така ќе има услови за ретка појава на нестабилност, проследена со појава на грмежи.