ГОЛЕМА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА НА АТМОСФЕРАТА: Денес попладне и навечер, како и за време на викендот НЕВРЕМЕ ќе ја зафати Македонија!

објавено на:

27 Мај 2022

од:

сподели:

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните и во вечерните часови ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне и навечер ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови и за појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ. Максималната температура ќе се искачи до околу 32 степени.

Потоа за време на викендот ќе биде особено нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Во почетокот од следната недела ќе имаме постабилно и посончево време, иако во попладневните часови не се исклучува можност за изолиран развој на нестабилност.

Што се однесува до температурите, тие во следните денови ќе се намалат за неколку степени и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени, додека уште малку пониски температури ќе имаме во недела кога истите ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 30 степени.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Со оглед на тоа дека понатаму Атмосферата ќе биде МНОГУ НЕСТАБИЛНА, во случај на појава на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја, исто така во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да не ги ставаат во близина на дрвја за да не дојде до несакана штета. Исто така во случај на електрични празнења, овчарите своите стада да ги делат во помали групи, со цел да ги заштитат.

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki







Занимливости