Во текот на вчерашните попладневни часови нашата територија беше зафатена од влажна и ИСКЛУЧИТЕЛНО нестабилна воздушна маса која се спушти од северозапад.
На повеќе места имаше појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите беа ИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со обилен пороен дожд, олуен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.
Најкритично беше во Тетовско и во Преспанскиот крај каде што градот направи големи штети врз земјоделството.
Следуваат фотографии од Сопотско, општина Ресен
Големо невреме имаше и во Тетовско Прелубиште, каде има многу штети
Појава на невреме проследено со град и силен ветер во текот на вчерашното попладне имаше и во Делчево и околината, а локално невреме имаше и во другите предели од државава.
Што се однесува за времето во следните денови, ново невреме засега не се очекува што значи дека времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност.
Утре и во сабота ќе дува слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе бидат нешто пониски и ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 19 степени, додека во крајните југоисточни предели истите ќе се искачат малку над 20 степени.
Максималните пак ќе бидат околу просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени. УВ ИНДЕКОСТ и понатаму ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 8).
Одсега гледано, повторно температури над просекот ќе имаме некаде на почетокот од следната недела, но состојбата континуирано се следи.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki