ВРЕМЕТО СЕ ПОВЕЌЕ ЗАТОПЛУВА – ПОНАТАМУ ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 36°C

објавено на:

14 Сеп 2021

од:

сподели:

До крајот на денов, како и во текот на следните денови, нашата територија ќе продолжи да биде под влијание на ТОПЛОТНИОТ бран од југ кој ќе условува натпросечно високи температури на воздухот.

Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека од петок ветерот ќе го промени својот правец во западен и југозападен, и особено во западната половина од државава ќе биде ЗАСИЛЕН на интензитет.

Температурите, како минималните (утринските), така и максималните дневни, ќе продолжат да растат и минималните до крајот на оваа работна недела ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 17 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени.

УВ ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има умерено висока вредност, и ќе изнесува коефициент (6).

Услови за локална нестабилност, со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи ќе има за време на викендот кој доаѓа (но и тоа нема да ја намали настанатата суша во Македонија), затоа што нема да биде ништо особено, барем така говорат моменталните анализи). Состојбата се следи!

Во Скопје и околината за време на овој топлотен бран , температурите ќе се искачат до околу 33 степени, а времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, додека од петок, па за време на викенот ветерот ќе го промени својот правец во западен и југозападен, и повремено ќе засилува на интензитет. За време на викендот ќе има услови и за краткотраен локален дожд и ретки грмежи.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki







Занимливости

  • 19 Јул 2024

    Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека има активни 13 пожари, од вкупно 28-те пожари на отворено во последното деноноќие, што се во општините: - Општина Чашка с.Јаболчишта и с.Дреново врв Лисец (високостеблеста вегетација) -Општина Велес кај с. Калањево (нискостеблеста шума) -Општина Росоман кај с.Сирково и с. Подлест (нискостеблеста шума и ниска вегетација) - Општина Студеничани место викано [...]