Под влијание на значително потопла воздушна маса од југ, која ја најавивме уште пред неколку денови, веќе се осеќа осетното затоплување на времето во Македонија. Последно измерените температури и тоа во 9 и 30 часот се: 19 степени во Тетово, 21 степен во Скопје, Битола и Охрид и најтопло е во Демир Капија каде се измерени 24 степени.
Максималните дневни температури денес ќе се искачат во интервалот од 22 до 28 степени. Уште потопло ќе биде утре кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени, во понеделник максималната дневна температура ќе се искачи во интервалот од 26 до 34 степени.
Уживајте во вистинското лето овие неколку денови.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука