Времето никако да се стабилизира – детали за следните денови
Денес во нашата држава времето ќе биде сончево со умерена облачност, додека попладне променливо облачно со услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во југоисточните предели повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Мали се условите за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 26 степени.
Потоа и утре условите за нестабилност ќе бидат помали, иако не се исклучува можноста за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. На почетокот од следната недела ќе продолжи периодот на нестабилно време, особено во попладневните часови кога на повеќе места ќе има појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град.
Максималните дневни температури, особено за викендов ќе бележат тенденција на пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 33 степени.
Временската прогноза ја подготви Славчо Попоски
Може ќе ве интересира
Занимливости
Облачно со релативно високи температурите е денешното утро во нашата Македонија а локално се бележат и послаби врнежи од дожд а само на високите планини во западните предели провејува снег. Најмногу дожд до 3 часот утрово има наврнато во Гевгелија и тоа 15 литри дожд. На првата метеоролошка карта можете да ги видите температурите измерени во овие утрински часови [...]

by