ВРЕМЕНСКА НАЈАВА: НОВО НЕВРЕМЕ МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА ЗАФАТИ ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ – ДЕТАЛИ
Денес попладне, како и во текот на утрешниот ден во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.
За време на викендот, особено во попладневните часови територијата на Македонија ќе биде зафатена од влажна и нестабилна воздушна маса која на повеќе места ќе услови нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застаени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со пообилен пороен дожд, силен ветер, електричнични празнења и услови за појава на град. Температурите на воздухот, особено во недела ќе бележат тенденција на незначителен пад и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени.
Следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во изминатите 24 часа речиси насекаде во Македонија имаше врнежи од дожд со променлив интензитет, што значи дека повремено врнежите беа пообилни. Најмногу дожд во последните 24 часта, односно до 7 часот утринава наврнаа во Лазарополе, и тоа 29 литри на метар квадратен дожд. На табелата можете да ги погледнете измерените минимални температури во текот на денешното утро, односно [...]