Во следните денови следува ЗАТОПЛУВАЊЕ на времето!
Во следните денови, односно до вторник времето во Македонија ќе се задржи променливо и нестабилно. Ќе има и локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите можно е да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ.
Уште утре ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено изразен Долж Повардарието.
Што се однесува до температурите, тие во следните денови ќе бележат тенденција на пораст. Поголем пораст ќе има од првите денови на следната недела, кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени.
И во Скопскиот регион до вторник ќе има услови за локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се искаќуваат во интервалот од 28 до 33 степени.
Инаку најмногу дожд до дега има наврнато во Маврово, и тоа дури 61 л/м2 воден талог. Интензивните врнежи низ државава како што и беше најавеноусловија локални поплавувања, и тоа особено на Плетвар, каде има порои.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki
Може ќе ве интересира
Занимливости
Снежниот бран во Македонија ќе продолжи и во текот на претстојната ноќ, како и утре (понеделник). Но, до 16 часот од градовите највисока снежна покривка има во Штип, и тоа 30 сантиметри, додека од Скијачките центри скоро 70 сантиметри снег има на Попова Шапка. Температурите денес речиси насекаде се задржаа под нулата, а на планинските и Скијачките центри максималните [...]