Во почетокот од неделата МНОГУ ТОПЛО – Меѓутоа од среда продор на посвеж воздух од север и пад на температурите!

Утре и во вторник како што веќе најавивме, времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Сепак во попладневните часови не се исклучува можноста за ретка појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат и блиску до 35 степени.

Поголеми услови за нестабилност, и тоа особено во северната половина од државава ќе има во вторник кон крајот на денот и навечер.

И во Скопскиот регион утре времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, како и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност, додека во вторник кон крајот на денот и навечер ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 29 и 31 степен.

Пад на температурите на воздухот, засилен северен ветер и локален дожд, проследен со ретки грмежи се очекува во среда, и тоа поради влијанието на посвежа воздушна маса од север. Температурите ќе опаднат за околу 6 степени, понекаде и за повеќе и максималните дневни во среда ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени.  Уште малку посвежо ќе биде во четврток кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 25 степени, додека наутро истите понекаде ќе се спуштат и под 5 степени, што значи дека наутро ќе биде значително посвежо. Во четврток сеуште ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.