Моќен циклон со центар над Велика Британија во Понеделник ќе услови ГОЛЕМА бура и оркански јужен и југоисточен ветер во земјите од регионот.На многу места можни се дури и штети поради орканскиот ветер кој ќе дува во понеделник.
Брзината која се очекува на некои места ќе надминува дури и 110 км/час, додека на некои места од Јадранот ветерот ќе дува со брзина од над 130 км/час.
Најризично ќе биде во следните земји од Балканскиот Полуостров: Западните предели од соседна Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Јадранот. Усто така овој циклонски систем со себе носи и ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд кој локално можно е да бидат и проследени со појава на грмежи.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Доколку граѓаните од Македонија патуваат во некои од споменатите ризични земји, ги советуваме да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ каде и како се движат во понеделник.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука