Во неделата забележан најтоплиот ден досега оваа година во Македонија! Температури кои беа НЕВООБИЧАЕНО ВИСОКИ!

Во неделата во Македонија беше забележан НАЈТОПЛИОТ ден досега оваа година. Температурите на воздухот беа ЗНАЧИТЕЛНО НАД ПРОСЕКОТ за овој период од годината.

Сето ова беше поради влијанието на НЕВООБИЧАЕНО ТОПЛАТА воздушна маса од Африка.

Температурите речиси насекаде се искачија и над 30 степени, а најтопло беше во Скопје Зајчев рид и во Гевгелија каде температурата се искачи дури до 37 степени.

Ваков топлотен бран е невообичаен за овој период од годината за нашите предели, но сепак се случува. Исто така ЕКСТРЕМНО ВИСОК беше и УВ ИНДЕКСОТ, и тоа со вредност 10.

Како што најавивме до крајот на оваа недела ќе имаме пониски температури, чести врнежи и појава на НЕВРЕМЕ, па затоа КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ бидејќи територијата на Македонија ќе се наоѓа под влијание на изразена влажна и нестабилна воздушна маса.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki