ВО ЖИВО СЕ СЛЕДИ ВРЕМЕНСКАТА СОСТОЈБА КАЈ НАС: Врнежите од соседна Србија навлегуваат во Македонија

Интензивните врнежи од дожд кој ја зафатија сосесдна Србија и условија поплави дури во девет општини, навлегуваат во нашата држава па така веќе во северните  и во североисточните предели од Македонија веќе има врнежи од дожд, локално врнежите имаат и ПОИНТЕНЗИВЕН карактер.

Во текот на ова попладне и во вечерните часови врнежите ќе се прошират на повеќе места. Локално ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Исто така врнежите локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и локално се очекува да наврнат над 20 л/м2 воден талог. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој особено Долж Повардарието повремено ќе засилува.

Максималните дневни температури на воздухот ќе бидат малку пониски за разлика од изминатите денови, истите ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени. Потоа утре ќе имаме постабила атмосфера, иако попладнето има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Максималните дневни температури ќе бидат во постепен пораст  и истите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.

Следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука