Под влијание на стабилна и сува воздушна маса, и во текот на следните неколку денови времето ќе биде стабилно, суво и сончево со сосема мала локална облачност. Ќе биде и претежно тивко па токму поради ова, по одделни котлини ќе има појава на магла и на ниска облачност.
За време на викендот ќе има зголемување на облачноста, а одсега гледано условите за врнежи ќе започнат да растат во недела попладне и навечер.
Максималните дневни температури ќе бидат над просекот и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16, 17 степени, додека во местата со магла ќе се задржи постудено.
Во Скопје продолжува периодот на стабилно и суво време, но ќе започнат да растат условуте за магла и ниска облачност. Максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот од 6 до 8 степени.
Минималните температури пак на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, додека на некои места истите ќе се спуштаат и под -5 степени.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука