ВОНРЕДНО: СЛЕДУВА НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА – СИЛЕН ВЕТЕР (НАД 80 КМ/ЧАС), ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И ГРМЕЖИ

Денес попладне а особено во вечерните и ноќните часови, од запад нашата територија ќе подпадне како што најавивме под изразена циклонска активност и голем влажен воздушен бран кој ќе услови ОБИЛНИ врнежи од дожд.

Локално ќе биде нестабилно со поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер (над 80 км/час) со што процесите има услови да бидат застапени и во форма на НЕВРЕМЕ. Локално пак ќе наврне и позначително количество на воден талог (над 45 л/м2).

Не се исклучува можноста, поради падот на температурите на воздухот и заладувањето, на највисоките планински места за провекување на снег.

Максималните дневни температури денес ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени, додека утре од 14 до 22 степени.

Интензивни врнежи во текот на ноќта исто така се очекуваат и во Скопкиот регион, максималната температура денес во Скопје ќе се искачи до околу 23, додека утре само до околу 18 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука