ВОНРЕДНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: СЛЕДНАТА СЕДМИЦА БИ МОЖЕЛЕ ДА ИМАМЕ ТЕМПЕРАТУРИ КАКВИ ШТО СМЕ НЕМАЛЕ, ДУРИ И НАД 45°C
Топлотниот бран кој е МНОГУ СИЛЕН и изразен во нашата држава ќе се задржи до самиот крај на оваа седмица, исто така ќе продолжи и во текот на следната но со тоа што би можел да биде со уште поголем интензитет.
Имено, нашата територија ова лето се наоѓа под постојано влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса која продира од југ (северните предели на Африка). Истата условува постојано температури од над просекот за овој дел од годината. Температурите до крајот на оваа седмица ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 43 степени, а УВ ИНДЕКОСТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (9).
Времето постојано ќе биде сончево со мала локална облачност, ќе дува слаб до умерен, повремено на некои места засилен ветер од западен и од северозападен правец. Ветерот особено ќе биде изразен во понеделник и ќе биде врел.
Според моменталните анализи со кој располагаме, во текот на следната седмица температурите Долж Повардарието и во југоисточните предели би се искачиле дури над 45 степени, и би имале температури какви што сме немале. Состојбата и понатаму континуирано ќе се следи па граѓаните навремено ќе бидат информирани.
И во Скопскиот регион температурите денес, како и во текот на следните денови ќе се искачат над 40 степени.
- ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Граѓаните, особено оние хронично болните и повозрасните и изнемоштени лица во никој случај да не излегуваат надвор во најтоплиот дел од денот. Исто така граѓаните во ваква ситуација да пијат многу течности.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Може ќе ве интересира
Занимливости
Утринава речиси насекаде во Македонија имавме минусни температури, но од друга страна, облачноста од запад полека се зголемува и истата е знак на новиот ладен и влажен бран кој од денес попладне ќе ја зафати нашата Македонија. Најстудено утринава до 7 часот беше во Берово со -5 степени, додека највисока температура од 1 степен е измерена во Претор и [...]