ВОНРЕДНО БИОМЕТЕО: ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ И УТРЕ МНОГУ МАЧНО И СПАРНО ВРЕМЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ – ДЕТАЛИ

Особено до крајот на денов, како и утре поради изразеното јужно и југозападно воздушно струење, но и поради присуството на Сахарската прашина и песок, ќе имаме многу мачно и спарно време.

Особено кај метеопатите ќе се појават позначителни здравствени проблеми, односно главоболка а можна е и несоница како и болки во коските и на местата од старите рани. На граѓаните ги советуваме доколку почувствуваат псериозни здравствени проблеми, веднаш да се јават кај својот лекар за совет.

Инаку поради транспортот на прашина и песок од Сахара, кон нашата држава атмосферата и понатаму ќе биде доста заматена.

Да напоменеме дека овие температури се повисоки од нормалните дури за околу 10 степени, и се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени.

За нови, подетални и по потреба обновени метео ифнромации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука