ВОНДРЕДНО: МАКЕДОНИЈА ВЛЕГУВА ВО ЦРВЕНА АЛЕРТНА ФАЗА – ОД УТРЕ ПА НАТАМУ ТЕМПЕРАТУРИ ДО 43 СТЕПЕНИ!

Македонија од утре влегува во портокалова и во црвена алертна фаза поради ЕКСТРЕМНО ТОПЛИОТ бран кој ја зафаќа нашата држава.

Времето до крајот на денов, како и во следните денови ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност.  Ќе дува слаб до умерен, повремено на некои места засилен ветер од северозападен правец. Во попладневните часови и тоа особено во петок и во сабота ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а локално процесите можно е да бидат и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со силен ветер, електрични празнења, пороен дожд и појава на град.

Температурите ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО над просекот за овој дел од годината, односно ќе бидат повисоки од нормалните дури за околу 10 степени и ќе се искачуваат во интервалот од 34 до 43 степени, особено во четврток и петок кога ќе биде и најтопло.  Утре температурите ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 41 степен.

Да напоменеме дека во следниот период и ноќите ќе бидат ТРОПСКИ па така на повеќе места температурите ќе останат околу 20 степени, понекаде и над 20 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде помеѓу 10 и 11.

Ги советуваме граѓаните доколку излегуваат ЗАДОЛЖИТЕЛНО со себе да си понесат заштитна опрема (капа и наочари за сонце, но и шишенце со вода). Старите и изнемоштени лица добро би било доколку во најтоплиот период од денот воопшто да не излезат со цел да се заштитат од лошото влијание на сонцето.

Исто така овие денови и атмосферата ќе биде заматена, и тоа поради присуството на сахарска прашина и песок.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука