Под влијание на ГОЛЕМ ВЛАЖЕН воздушен бран од запад денес попладне и навечер од запад ќе се прошируваат врнежи од дожд кој особено во западните предели ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ (над 25 л/м2). Ќе започне да дува умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец.
Утре пак локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
И во следните денови ќе се задржи променливото време со повремени врнежи.
Во Скопје и околината исто така попладнево и вечерва ќе започнат врнежи од дожд и истите повремено ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и ќе продолжат и во текот на ноќта а повремено ќе ги има и во следните денови. И во Скопскиот регион ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец.
НАПОМЕНА: Поради интензивните врнежи во следниот период кај нас, и тоа особено во западните предели можно е зголемување на нивоата на реките и на езерата.
Температурите и тоа поради изразеното јужно и југозападно воздушно струење ќе бидат НАТРПОСЕЧНО ВИСОКИ и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki