ВНИМАНИЕ: ОД ДЕНЕС ПА НАТАМУ ОПАСНОСТ ОД ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА!

објавено на:

06 Јун 2022

од:

сподели:

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Особено од пладневните часови па натаму ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови и за појава на НЕВРЕМЕ. Максималната температура ќе се искачи до околу 30 степени.

Потоа во најголем дел од оваа недела и тоа под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, на повеќе места времето во Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд (за кратко време позначително количество на воден талог кое може да услови локални поплавувања), силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.

Што се однесува до температурите, тие ќе бележат тенденција на пад и во следните денови максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Со оглед на тоа дека во следниот период повторно очекуваме МНОГУ НЕСТАБИЛНО време во Македонија, во случај на појава на електрични празења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на електрични празења овчарите своите стада да ги делат во помали групи, со цел истите да ги заштитат. Граѓаните кои возат автомобили, истите во случај на силен ветер да не ги ставаат во близина на дрвјата, со цел да не дојде до несакана штета.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki







Занимливости

  • 19 Јул 2024

    Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека има активни 13 пожари, од вкупно 28-те пожари на отворено во последното деноноќие, што се во општините: - Општина Чашка с.Јаболчишта и с.Дреново врв Лисец (високостеблеста вегетација) -Општина Велес кај с. Калањево (нискостеблеста шума) -Општина Росоман кај с.Сирково и с. Подлест (нискостеблеста шума и ниска вегетација) - Општина Студеничани место викано [...]