ВНИМАНИЕ: НОВО НЕВРЕМЕ ЌЕ ЈА ПОГОДИ МАКЕДОНИЈА

објавено на:

06 Јул 2020

од:

сподели:

Попладнево и во вечерните часови нашата територија повторно ќе се наоѓа под влијание на влажна и исклучително нестабилна воздушна маса која на повеќе места ќе услови пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд кој може да услови нови локални поплавувања, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Токму поради ова на граѓаните ги советуваме да бидат КРАЈНО ВНИМАТЕЛНИ во случај на појава на НЕВРЕМЕ и на електрични празнења. Максималната дневна температура на воздухот ќе се искачува во интервалот од 26 до 35 степени.

Услови за локален дожд и грмежи ќе има и утре, особено во претпладневните часови а ќе започне да дува умерен, на повеќе места засилен ветер од северен правец кој ќе услови намалување на температурите на воздухот , особено во северните предели. Максималните дневни температури на воздухот утре ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен.

Стабилизирање на времето ќе имаме од среда.

Следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

 








Занимливости

  • 10 Јул 2025

    По екстремно високите летни температури, делови од австриските Алпи повторно се покриени со снег. Во планинските региони се регистрирани обилни снежни врнежи, при што на повисоките места падна од 30 до 80 сантиметри свеж снег. Најмногу снег падна во Зилерталските Алпи, како и во групите Глокнер и Венедиџер, на надморска височина околу 2800 метри. Во комбинација со силните северни [...]